(Видео) Жан Клод Ван Дам ѝ испрати емотивна порака на Драгана Мирковиќ

Српската пејачка Драгана Мирковиќ на „Инстаграм“ објави видео порака што ѝ ја испрати глумецот Жан Клод Ван Дам. Пејачката и нејзиниот сопруг Тони веќе неколку години се дружат со белгискиот актер и често објавуваат заеднички слики и видеа на социјалните мрежи.

„Тони и Драгана, ви благодарам од срце за целата поддршка сите овие години. Јас сум голем почитувач на вашето семејство. Драгана, знаеш дека ја обожавам твојата музика. Бакнеж за вас, ми недостигате. Наскоро ќе бидеме сите заедно. Уште еден бакнеж за вашето семејство“, вели Ван Дам во видеото.

Драгана, пак, додаде дека вистинските пријатели секогаш наоѓаат начин да си пружат поддршка дури и кога изгледа тоа дека е невозможно.

„Ти благодарам од срце, драг пријателе“, напишала таа во видеото.

Scroll to Top