(Видео) Жељко Јоксимовиќ направи уличен концерт за неговиот роденден

Пејачот Жељко Јоксимовиќ на своите фанови им приреди уличен концерт пред Градското собрание во Белград. Пејачот концертот го приреди на Велигден, кога го прослави својот роденден, а истиот им го посвети на сите кои се погодени од коронавирусот.

„Ова е за сите оние кои се борат и надеваат, за сите кои не се веќе меѓу нас, за оваа земја, за овој град“, изјави Жељко на самиот почеток.
Пејачот освен талентот за пеење, покажа дека знае да свири и на хармоника. Тој ги изведе своите големи хитови, кои ја обележаа неговата кариера, долга повеќе од две децении.
Scroll to Top