Пејачката Ивана Шашиќ го коментираше разводот на Харис и Мелина Џиновиќ и истакна дека знаела дека модната креаторка му е неверена на пејачот.
„Сите знаевме дека Мелина ‘шврља’ и дека на тоа мора да му дојде крајот. Што се однесува до неа и Харис, некако сите очекувавме ова да се случи. Да не се лажеме, тоа е јавна тајна“, тврди Ивана.
Ивана Шашиќ потоа се осврна на разводот на нејзината колешка Драгана Мирковиќ, која по 24 години брак реши да се раздели од Тони со кој има две деца.
-„Пеев на прославата кога се роди Мануела, ја паметам иако беше пред повеќе од две децении. Драгана е прекрасна личност и ако ме прашате мене, никој не го очекуваше ова. Тони го познавам подолго од Драгана, го познавав и неговиот татко. Без разлика на некои екскурзии на Тони, сите мислевме дека Драгана ќе го спаси со својата добрина. Таа е прекрасно суштество, но на се му доаѓа крајот“, изјави Ивана Шашиќ.
Во емисијата „Сцена“ на телевизијата „Блиц“, Харис презентираше цела низа детали за врската со неговата се уште легална сопруга.
„Овој брак не заврши со официјалното потпишување на разводот, но беше лош. Пред година и пол, можеби и две почна да се урива. Имаше многу подготовка“, изјави Харис.
„Се чинеше како голема љубов до пред десет години, додека младата дама не почна да води поинаков живот. Тоа не беше тој семеен живот. Мислам дека се упропасти со премногу дружење со женскиот свет. Затоа што ниту една пријателка, ако нема многу среќен брак, не сака другата пријателка да има среќен брак. Не обвинувам никого, дури ни нејзините пријатели, но мислам дека тоа придонесе за одредена одвоеност од дома, од сопругот, од животот. Можеби жената повторно се заљубила. Немам поим што се случува таму. Секакви работи ми беа скриени“, додаде тој.