„Знам дека се бориш лавовски, само како што ти умееш, со тебе сме со целото срце и душа“, српската пејачка со порака до Панчо

Во големиот пожар кој избувна во дискотека во Кочани и однесе 59 животи, повреден е пејачот на бендот ДНК Владимир Блажев Панчо, кој е голем пријател со српската пејачка Сара Јовановиќ.

Таа на својот Инстаграм профил сподели видео од Панчо и му се обрати со потресни зборови.

„А ти добар наш Панчо… Знам дека се бориш лавовски, само како што ти умееш… Нема момент кога не сме помислиле на тебе. Ние сме со тебе со целото срце и душа“, напиша Сара.

Scroll to Top