Дора Ристеска, сестрата на Тоше Проески, на неговиот гроб на Гумење во Крушево денес однесе торта за да го одбележи денот на неговото раѓање. Таа оставила и фотографија со порака „Најмило мое“. Според фановите на Тоше, таа не можела да ја скрие тагата.
Гробот на Тоше денес го посетиле многу луѓе дојдени од целиот Балкан, кои сакале да му оддадат почит на денот на неговото раѓање. Некои од нив оставале подароци, а други торти. Најмногу внимание привлекла тортата со слика со неговиот лик, со потписот на Тоше и со неговата препознатлива реченица „Сите ве сакам“, на која имало две свеќички со бројот 37, колку што ќе наполнеше Тоше на денешен ден.