На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица вечер почнуват завршните музички вечери на седмото издание на „Струмица опен фестивал“.
По отворањето први ќе настапат македонските пејачи Тамара Тодевска и Владо Јаневски. На полноќ ќе настапи хрватскиот пејач Тони Цетински, а вечерта ја затвораат 2BAD и техно-артистите Ted Dettman B2B Sal Sonder.
Фестивалот утревечер продолжува со настапите на „Виктори бенд“, „Либеро бенд“, Марија Шерифовиќ, Лепа Брена и „Афишал“.
„Струмица опен фестивал“ завршува в недела со настап на „Црвена јабука“, „Дубиоза колектив“, Саша Ковачевиќ и Астра-ион проект.