Почина уште еден од тројцата патници во возилото „сеат алтеа“ во кои било пукано вчера од друго, непознато возило на улицата „Рузвелтова“. Лицето починало во Ургентениот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, пренесува „Макфакс“, повикувајќи се на извори од МВР. Како што соопшти полицијата, станува збор за 49-годишен скопјанец со иницијали А.П., додека третото момче кое е на возраст од 19 години и иницијали Ф.Е., се уште се наоѓа во болница каде му се укажува соодветна медицинска помош.
Во пресртелката според полициски извори од здобиените повреди на лице место починал 44-годишниот Н.А., додека неговите двајца сопатници едниот на возраст од 49 години, другиот на возраст од 19 години поради тешки повреди со возило на итната медицинска помош веднаш биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, по што лицето А.П. (49 години) и покрај укажаната помош им подлегнал на повредите.
Според полицијата престрелката се случила по полноќ на улицата „Франклин Рузвелт“, кога непознати лица од возило пукале во возилото „Сеат aлтеа“ со скопски регистарски ознаки. Од полицијата посочија дека се преземаат сите мерки за расчистување на случајот.