Вечерва концерт на „Џетро тал“ во Скопје

By

Светските рокенрол легенди „Џетро тал“ вечерва ќе одржат концерт во СРЦ Кале како дел од нивната турнеја 50 years of Jethro Tull. Култниот британски рок-бенд на вокалистот и флејтист Јан Андарсон досега има снимено 30 албуми, а тие се продадени во над 50 милиони примероци. Ова е нивно прво гостување во Скопје.

Билетите за концертот сè уште има во продажба и може да се најдат онлајн преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и во „Југотон“ во ГТЦ.

Ќе ви се допадне