Влатко Стефановски ќе настапи на „Друм дум фест“ во Лесковац

Влатко Стефановски трио на 14 јули ќе настапи на единствениот фестивал на тапанари на Балканот, „Друм дум фест“ во Лесковац, Србија. Поканата на овој фестивал е заради Дино Милосављевиќ, еден до најдобрите тапанари во регионот, кој години наназад свири со Стефановски. Со нив на сцената ќе биде и басистот Ѓоле Максимовски.

Фестивалот и годинава ќе се одржи на отворено, во дворот на куќата на семејството Шоп-Ѓокиќ. Организатор е „УГ Музичка комуникација“, кои на публиката ќе ѝ го понудат најдоброто од Балканот.

 

Scroll to Top