(Фото) Дејвид Гета секси на 51 година

Францускиот диџеј Дејвид Гета вчера се забавуваше на плажа во Мајами, Флорида, со неговата 24-годишна девојка Џесика Ледон. Откако порталот „Џаст Џеред“ ги објави папарацо-фотографиите, фановите на Гета на социјалните мрежи коментираат дека диџејот изгледа навистина секси на 51 година.

Дејвид Гета е во врска со Џесика од 2015 година. Тој се разведе во 2014 година по 22 години брак со неговата сопруга Кејти,  со која има две деца, 13-годишниот син Тим Елвис Ерик и 9-годишната ќерка Енџи Гета.

Scroll to Top