(Фото) Пет холивудски ѕвезди со маски го прославија роденденот на Сандра Булок

Холивудските ѕвезди Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кукс, Сара Полсон и Холанд Тејлор викендов го прославија 56. роденден на Сандра Булок. Опуштено, без шминка и со маски, тие се дружеа во домот на Булок во Лос Анџелес.

Џенифер Анистон (51) на својот „Инстаграм“ сподели неколку фотографии од дружењето.

„Го славиме соодветно роденденот на нашата девојка, на дистанца и со многу љубов. Среќен роденден Сенди“, стои на сликата на Анистон.

Џенифер и Сандра се пријателки речиси една деценија, а ги запозна нивен заеднички пријател. Инаку, сите актерки заедно снимиле преку 200 филма и заработиле речиси 1 милијарда долари, па американските медиуми ја опишаа забавата како „клуб на моќните жени“.

 

Scroll to Top