Една од најубавите жени на светот, италијанската глумица Моника Белучи, се сликаше за насловната страница на списанието „Харперс Базар“. Таа направи фотосесија и имаше интервју за казахстанското издание на магазинот.
55-годишната Белучи отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста. Таа последниов период прави пауза од снимањето филмови, а времето го поминува со ќерките.