На кралицата ѝ недостасува јавањето коњи во изолација

Кралицата Елизабета (94) повеќе од еден месец е во изолација во замокот Виндзор со својот сопруг, принцот Филип (98). Таа ретко излегува надвор од палатата, а времето го поминува читајќи весници и во разговори со остатокот од семејството преку видеоповици, пишуваат британските медиуми.

„На кралицата најмногу ѝ недостасува јавањето коњи. Тоа ѝ е омилена забава уште од најраното детство, нешто што го правела со нејзиниот татко. Но, заради претпазливост, таа во овој период мора да се откаже од своето хоби. Наместо тоа понекогаш излегува во градината“, рекол нејзиниот градинар Греам Стоун.

 

Тој е еден од неколкуте вработени што се во Виндзор со кралицата, оти нејзиниот персонал сега е сведен на минимум.

„Кралицата пробува на најдобар начин да го помине времето во изолација. Знам дека ги сака и птиците. Таа во една пригода спаси птица што си ја заплеткала ногата во жица. Кралицата ја видела птицата и ме повика да ѝ помогнам да ја ослободиме“, ракажал тој.

Scroll to Top