Поранешнната Мис на свет, Индијката Пријанка Чопра, на 1 декември ќе се омажи за американскиот пејач Ник Џонас, поранешен член на „Џонас брадрс“, пишуваат британските медиуми. Свадбата ќе се одржи во палатата Умаид баван во Јодхпур, Индија, со сите индиски традиции.
Извор близок на двојката за магазинот „Сан“ вели дека свадбената церемонија ќе трае неколку дена, според хинду обичаите, но ќе се почитуваат и католичките обичаи на младоженецот. Ник ќе носи костум во боја на слонова коска, а Пријанка ќе биде облечена во црвена традиционална индиска облека. Девериците на глумицата ќе носат креации на познатиот дизајнер Ралф Лорен, омилениот креатор на овој пар. Пријанка и Ник носеа креации од Лорен пред повеќе од една година кога првпат заедно се појавија во јавноста на модниот хуманитарен настан „Мет гала“ во Њујорк, во период кога сè уште не беа во врска.
Популарната глумица пред десетина дена организираше моминска забава во Амстердам, а со неа беа неколку најблиски пријателки и роднини.