(Видео) Криси Тајген и Џон Леџенд чекаат бебе, веста ја открија во новиот спот на пејачот

By

Некогашната манекенка Криси Тајген и музичарот Џон Леџенд го очекуваат своето трето дете. Парот ја соопшти веста преку новиот спот на Џон за песната Wild. На крајот на спотот тие се на плажа во Мексико со децата, а Џон ја прегрнува Криси за стомакот.

Популарната двојка веќе има две деца, 4-годишната Луна и 2-годишниот Мајлс. Тие се зачнати ин витро бидејќи Криси и Џон со години се бореа со неплодност и бараа начини да станат родители. За сега не се знае дали и третото дете е зачнато ин витро.

Инаку, тие се запознаа 2006 година на снимање на спот, а се свршија во декември 2011 година. Се венчаа во септември две години подоцна и оттогаш важат за една од најстабилните двојки во американскиот џет-сет.

Ќе ви се допадне