За само 10 дена Бетмен оздраве од корона и веќе го снима новиот филм

By

По десет дена закрепнување, 34-годишниот актер Роберт Патинсон повторно е во костумот на Бетмен пред камерите.

 

Додека Патинсон се лекуваше и одмараше, снимањето беше запрено во Велика Британија, а луѓето со кои бил на снимање беа испратени во самоизолација.

Роберт Патинсон го виделе во Лондон со неговата девојка Суки Вотерхаус, но снимањето најмногу се одвивало во Ливерпул. Новиот филм за Бетмен не е единствената продукција што мораше да забави поради коронавирусот – на сетот на „Фантастични ѕверови 3“, и тренерот за дијалект бил позитивен на Ковид-19.

Меѓу другите sвезди на новиот Бетмен е и Колин Фарел кој го игра негативецот Пингвин. Неговиот костум и маска биле наводно толку добри што неговите колеги воопшто не го препознале.

Другиот негативец е „Ридлерот“ кој го игра Пол Дано. Познатиот шеф на полицијата Годрон го игра Џефри Рајт познат по многуте улоги, вклучително и неодамнешната во серијата „Westworld“. Зои Кравиц ќе ја отелотвори мачката.

По општиот карантин, „Бетмен“ повторно започна да се снима на 1 септември, откако околу 25% од филмот бил снимен претходно оваа година пред целата индустрија да се затвори во март. Доцнењето го принуди Warner Bros. закажаната премиера на филмот да ја одложи од јуни за октомври 2021 година.

Ќе ви се допадне