Францускиот филмски работник и човек со убедувања, режисерот Бертран Таверние почина на 79-годишна возраст. Со „Судијата и Убиецот“, „Бришка“ или „Живот и ништо друго“, тој ги напиша некои од најубавите страници на Седмата уметност, јави дописникот на МИА.
Таверние, како син на припадник на отпорот, ги осудуваше сите неправди. Се побуни против материјализмот во една ера која цената на филмовите ја сметаше за аргумент за ценење.
Зад камерите зачекори релативно доцна, кога имаше 33 години, со филмот „Часовничарот од Сен Пол“. По оваа многу успешна проба, Таверние продолжи со два извонредни филма: „Забавата нека почне“ и „Судијата и Убиецот“
Љубопитен за сè Таверние ја овековечи традицијата на француски квалитет, поткопана од Новиот бран. Се обиде во сите жанрови, се обиде во сите регистри, од најбрутален до најкревок, од најтрагичен до најкомичен.
Повеќето од неговите 26 играни филмови претставуваат едни од најславните делови на француската кинематографија.