Адам Левин повторно ќе стане татко

Адам Левин, фронтменот на групата Марун 5, и неговата сопруга, манекенката Бехати Принсло, го очекуваат своето второ дете. Неколку дена пред првиот роденден на нивната ќерка Дасти Роуз, Бехати објави фотографија на која се гледа нејзиниот стомак во почетна фаза од бременоста. Под фотографијата таа напиша „Втора рунда“.

Ова ќе ја одвои Бехати од модните ангажмани, пред сè од оние на Викторија Сикрет, чие заштитно лице е манекенката.

Scroll to Top