Аеросмит ги откажаа концертите до крајот на годината поради здравстените проблеми на Стивен Тајлер

Познатиот бенд Аеросмит во петокот објави дека го откажува остатокот од северноамериканскиот дел од нивната турнеја до следната година. Фронтменот Стивен Тајлер, како што изјавија од бендот, има проблеми со гласните жици.

-Проблемите на Стивен со гласните жици се посериозни отколку што прво мислеше. Неговиот лекар потврди дека освен оштетување на гласните жици, го повредил и гркланот, што бара постојана нега – напишаа за време на викендот на социјалните мрежи.

Тие нагласија дека пејачот добива најдобра можна лекарска помош за да се обезбеди брзо закрепнување, но дека со оглед на природата на повредата, му било кажано дека трпението е клучно.

– Како резултат на тоа, сите моментално закажани концерти мора да се одложат за некаде во 2024 година, а новите датуми ќе бидат објавени веднаш штом ќе дознаеме повеќе – велат од бендот.

 

Scroll to Top