Бејнс (65), која живее во Лос Анџелес и глумеше во дваесет улоги во ТВ-емисии и филмови, вклучувајќи ги и „A Cure for Wellness“ и „Gone girl“, била на пат да се сретне со својата сопруга на вечера. Меѓутоа, доживеала сообраќајна несреќа, кога на пешачки премин ја удрил засега непознат возач. Бејнс била на пешачкиот премин и имала предност да помине, соопштила полицијата.
Актерката во моментов е во критична состојба на одделот за интензивна нега, со травматска повреда на мозокот, соопштило нејзиното семејство.
„Лиза е во критична состојба и ќе знаеме повеќе во следните неколку дена“, рекла нејзината сопруга, Кетрин Кранхолд.
Страшната несреќа беше суров пресврт за Лиса, која беше воодушевена што конечно се вратила во Њујорк, желна конечно да ги види своите стари пријатели, кои многу ѝ недостасувале.