Актерот Бен Мекензи, најпознат по улогата на Рајан Атвуд во серијата „Округот Оринџ“, и неговата сопруга Морена Бакарин, станаа родители. Тие добија син, кој ќе се вика Артур.
„2021 година станува сè подобра. Добредојде на овој свет, Артур“, напиша Морена на „Твитер“ и објави слика од бебето.
Ова е трето дете за Морена, која го има седумгодишниот син Џулиус од бракот со Остин Чик, а со Бен ја има ќерката Франсис (4).
Морена и Бен се запознаа додека работеа на серијата „Готам“, која се прикажуваше од 2014 до 2019 година. Двојката се венча во 2017 година.
2021 is looking up. Welcome to the world Arthur. Trust us, you haven’t missed much yet. pic.twitter.com/fhiXp81wGr
— Morena Baccarin (@missmorenab) March 9, 2021