Ален Делон во Кан ја доби „Златната палма“

By

Францускиот актер Ален Делон синоќа ја прими наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал во Кан. Почесната награда „Златна палма“, „Палм д`Ор“, Делон ја доби за кариерата долга шест децении, а наградата му ја врачи неговата ќерка Анушка Делон, пренесува „Ројтерс“.

„Една работа во врска со која сум сигурен и на која сум особено горд е мојата кариера. И оваа награда која ми е врачена за животно дело ме прави посреќен, позадоволен и поисполнет“, изјавил Делон.

CANNES, FRANCE – MAY 19: Alain Delon accepts the Palme d’Or d’Honneur award during the photocall for Palme Honneur during the 72nd annual Cannes Film Festival on May 19, 2019 in Cannes, France. (Photo by Eamonn M. McCormack/Getty Images)

Актерката Салма Хаек е една од оние кои ја бојкотираа годинешната манифестација, поради доделувањето на „Златниот глобус“ на Делон. Делон во својата успешна кариера често во јавноста отворено зборувал за тоа дека ги удирал жените, а јавно ги критикувал и истополовите парови кои посвојувале деца и ги поддржувал крајно десните политички струи.

Францускиот режисер Тијери Фремо и директорот на култниот фестивал во Кан ги коментираше големиот број вакви негодувања, велејќи дека Делон ја добил наградата „Златна палма“, а не „Нобелова награда за мир“.

CANNES, FRANCE – MAY 19: Alain Delon accepts the Palme d’Or d’Honneur award from his daughter Anouchka Delon during the photocall for Palme Honneur during the 72nd annual Cannes Film Festival on May 19, 2019 in Cannes, France. (Photo by Eamonn M. McCormack/Getty Images)

Фала ви на сите. Својата кариера ја должам и на жените кои се бореа за мене и ми овозможија да станам актер“, рече меѓу останатото Ален Делон во Кан.

Делон првиот филм го снимил во 1963 година, тоа беше филм на  Лукин Висконти „Леопард“.

 

Ќе ви се допадне