Бразилската манекенка и некогашна членка на ангелите на Викторија, Алесандра Амброзио, има нов дечко.
Таа во март годинава раскина со вереникот Џејми Макур со кој беше во врска 10 години. Двојката никогаш не се венча, а имаат две деца, ќерката Ања (10) и синот Ноа (6).
Амброзио фотографирана е со новото момче, италијанскиот дизајнер и модел Никола Оди, на аеродромот како го напушта Лос Анџелес со приватен авион.
Пред три месеци манекенката се појави со Никола на еден настан кој го организираше Харперс базар, а на социјалните мрежи не објавија заедничка фотографија, нити во јавноста зборуваа за врската.
Странските медиуми пишуваат дека двојката се забавува од март, откако манекенкта го остави Макур.