Алиша Милано уапсена на протест пред Белата куќа

Холивудската глумица Алиша Милано е уапсена во Вашингтон бидејќи учествувала во протест пред Белата куќа. Таа била дел од демонстрантите кои барале промени во избирачкото право на американските граѓани. Полицијата ги уапси неа и останатите демонстранти бидејќи законот во Вашингтон забранува собирање во толпа и окупирање тротоари.

По ова актерката своето искуство го сподели на Твитер.

„Ме уапсија додека протестирав и барав од администрацијата на Бајден и Сенатот да го заштитат избирачкото право. Застанете покрај мене и кажете им на Сенатот и Белата куќа дека секој мора да ги има овие права, без разлика каде живее“ напиша Алиша, која протестираше со дваесетина други луѓе.

Актерката е позната по своите политички убедувања, за кои често зборува јавно, а во 2019 година го сподели своето искуство за абортусот, кога законите на одредени сојузни држави ги нарече „напад врз телото на жената“.

„Во 1993 година имав два абортуса, бев млада и лудо заљубена. Бев луда и возбудена. Да родев тогаш дете никогаш немаше да имам кариера, немаше да можам да го користам гласот како што го користам сега. Никогаш не би можела да бидам ‘јас’. Ова е борба за слобода“, рече актерката во едно интервју.

 

Scroll to Top