Актерката Алиша Силверстоун се согласила да плаќа алиментација од 12.000 долари месечно на поранешниот сопруг Крис Џареки, со кого има 7-годишен син. Џареки ќе добива алиментација до 31 јануари 2024 година. Ако тој почне сериозна врска и трошоците му се намалат барем за половина, издршката ќе биде запрена веднаш, соопшти „Контакт мјузик“. Силверстоун и Крис се согласија на заедничко старателство на 7-годишниот Бер. Двојката се разведе во мај оваа година.
Алиша Силверстоун и Крис Џареки, кој е актер и радиоводител, се венчаа во 2005 година, но пред тоа беа во врска осум години.