Американски ди-џеј убиен на улица во Лос Анџелес

Музичкиот продуцент и ди-џеј Лесли Андре Вејкфилд, познат како Ди-џеј Офишл, е убиен среде улица во Лос Анџелес.

Според американските медиуми, музичарот седел во кола со уште еден маж, кога друго возило застанало покрај нивното и напаѓачите почнале да пукаат во нив двајца. Продуцентот починал на самото место, а другиот маж е во болница и неговата состојба е стабилна.

26-годишниот Офишл е познат по соработката со многу рапери и музичари, меѓу кои и Карди Б. За работата на нејзиниот албум Invasion of Privacy, кој тој го продуцирал, Офишл годинава доби Греми награда.

Scroll to Top