Американскиот комичар Џои Морган почина на 28 години

Младиот американски глумец и комичар Џои Морган, изненадувачки почина на 28 години, пренесоа американските медиуми. Тажната вест ја потврди и неговиот менаџер.

„Џои Морган почина во неделата рано утрото. Тоа беше шок за сите нас и сите не уништи неговото прерано заминување. Сите го сакавме многу. Многу ќе ни недостига. Се надеваме дека сите сваќаат колку е тоа болно за неговите сакани и дека треба да ги почитуваме границите и да им дозволиме приватно да тагуваат“, рече тој.

Засега смртта на глумецот не е позната. Пред него беше голема кариера, особено во светот на комедијата. Од него се простија голем број колеги и пријатели, меѓу кои и Кристофер Ландон, режисерот на филмот Scouts Guide to the Zombie Apocalypse, во кој Џои глумеше.

„Морган влезе во мојот живот пред речиси 9 години кога работев на филмот. Беше тивок, забавен, интелегентен и замислен. А кога камерите почнаа да снимаат, беше магнетичен. Денес веста за неговата загуба е срцекршачка. Чест ми беше што го познавав“, напиша Ландон на „Твитер“.

 Од глумецот се прости и неговата колешка Зои Дач (27) со која Џои работеше за време на снимањето Flowers.

„Почивај во мир Џои. Беше многу љубезна, талентирана, но и посебна личност. Те сакаме“, напиша глумицата на „Инстаграм“.

Морган својата глумечка кариера ја започна во 2015 година кога глумеше во филмот Scouts Guide to the Zombie Apocalypse. Тој глумеше и во неколку серии, но и комедиите Compadres и Flower, поради кои добри бројни пофалби од критичарите.

Последен пат тој глумеше во научно-фантастичната комедија Max Reload and the Nether Blasters во 2020 година.

 

Scroll to Top