Ана Винтур не ја сака Меланија Трамп на насловната на „Вог“

Некрунисаната кралица на модата Ана Винтур во интервју за CNN дискретно изјавила дека првата дама на Америка, Меланија Трамп, никогаш повеќе нема да се појави на насловната страница на „Вог“, додека таа е на чело на магазинот.

Винтур јасно изнела дека „Вог“ не е политички непристрасен магазин и дека тежнее кон демократската струја. Голем број на гледачите на интервјуто во своите коментари пишуваат дека на тој начин Винтур јасно ставила до знаење дек, таа никогаш нема да ја покани Меланија за фотографирање на насловната страница на списанието.

Иако Винтур не ја споменала Меланија, сепак првата дама одлучила да реагира на ваквото интервју, а нејзината претставничка одговорна за јавноста испратила соопштени во кое речиси ја навредила уредничката на „Вог“.

„Насловната страница на модниот магазин ‘Вог’ не ја дефинира госпоѓа Трамп, со оглед на тоа што таа се има фотографирано за голем број други познати светски таблоиди, пред да се најде на функцијата прва дама на САД. Нејзината улога како прва дама на САД е многу поважна од некои површни фотографии и покритија. Ова само дополнитено покажува колку индустријата на модните списанија е пристрасна и колку Ана Винтур е несигурна“, стои во соопштението.

Меланија Трамп на насловната страница на „Вог“ се појави пред венчавката со актуелниот претседател на Америка, Доналд Трамп.

 

Scroll to Top