Антонио Бандарес на 60. роденден објави дека е позитивен на коронавирусот

Актерот Антонио Б,андарес објави дека е позитивен на Ковид-19. Во објавата на „Твитер“ рече дека во исто време полни 60 години, па дека е принуден да го слави роденденот во карантин.

„Сакам да кажам дека сум релативно добро, само малку поуморен од вообичаено, но уверен сум дека, следејќи ги препораките на медицинските лица, многу бргу ќе закрепнам од овој вирус, кој погоди толку многу луѓе на планетата. Ќе ја искористам оваа изолација за да читам, пишувам и да одморам. Ќе продолжам да правам планови како да им дадам значење на овие мои 60 години, кои ги пречекав со голема радост“, напиша шпанскиот актер со богата холивудска кариера.

Бандерас лани доби награда за најдобар актер на Канскиот филмски фестивал за улогата во „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, а имаше и номинација за „Оскар“.

Scroll to Top