Антонио Бандерас го победи коронавирусот

Глумецот Антонио Бандерас се пофали на социјалните мрежи дека по 21 ден изолација, успеал да го победи коронавирус. Тој беше еден од оние славните личности кои не успеаа да го избегнат опасниот вирус Ковид 19.

„По 21 ден дисциплинирана изолација, може да се каже дека ја победив инфекцијата. Самиот се излеков. Моите мисли се со оние кои немаа толку среќа како јас, како и оние кои патат повеќе од мене. Им посакувам сила на сите оние кои се борат со вирусот“, напиша Бандерас.

Глумецот дозна дека е позитивен на Ковид 19 на неговиот роденден.

„Роденденот ќе морам да го прославам во карантин, со оглед на тоа дека ми стигна позитивниот тест. Сакам да додадам дека се чувствувам добро. Малку сум уморен, но правам сè за да оздравам“, напиша Бандерас претходно.

Бројните обожавателу му дадоа поддршка на социјалните мрежи.

Scroll to Top