Аријана Гранде им праќа пари на фановите што останале без работа

Музичката ѕвезда, Ариjана Гранде, наводно, им испраќа пари на фановите што останале без работа заради кризата со коронавирусот. Американските медиуми пишуваат дека таа ја користи апликацијата за трансфер на пари Venmo и им испраќа средства на фановите кои се најсилно погодени од пандемијата, особено на оние што ги загубија своите работни места заради потребата да се самоизолираат и да останат дома.

Според  „Ти-ем-зи“, голем број фанови пријавиле дека им биле испратени од 500 до 1.500 американски долари, а некои од нив велат дека Аријана веќе неколку дена тајно го прави ова хумано дело. Еден од нив рекол дека Аријана стапила во контакт со него и му испратила плата за еден месец.

Ова се случи откако беше откриено дека и Тејлор Свифт испраќа пари до нејзините фанови кои останале без приходи, а медиумите пишуваа за неколку нејзини донации од 3.000 долари. Тејлор, наводно контактирала со некои фанови преку приватна порака и ги прашувала за детали за нивните пејпал-картички со цел да им донира пари откако на социјалните мрежи прочитала за нивните проблеми.

Scroll to Top