Арнолд Шварценегер ќе стане дедо

Кетрин (30), ќерката на Арнолд Шварценегер, ќе стане мајка. Таа го очекува своето прво дете со холивудскиот глумец Крис Прат (40), со кого се омажи лани во јуни. Веста за бременоста на Кетрин ја објави магазинот „Пипл“. Тие објавија фотографии од Кетрин и Крис додека се возат на велосипед во Лос Анџелес, а на кои се гледа дека таа е бремена.

Крис, кој се прослави со филмовите „Паркот Јура“ и „Чувари на галаксијата“ веќе има еден син од претходниот брак со глумицата Ана Фарис, 7-годишниот Џек Прат.

Инаку, Кетрин и Крис на почетокот ја криеја врската од јавноста. Откако Крис го освои и популарниот Терминатор, тој од Шварценегер побара благослов да ја запроси Кетрин.

Кетрин Шварценегер Прат

 

Scroll to Top