Арнолд Шварценегер стана дедо

By

Глумецот Арнолд Шварценегер стана дедо. Неговата ќерка Кетрин Шварценегер и нејзиниот маж, глумецот Крис Прат, го добија првото дете, пренесува „Дејли мејл“. Веста за раѓањето на бебето ја потврди и синот на Шварценегер, Патрик.

„Супер се, само што ѝ купив мал подарок“, рекол Патрик, а бидејќи подарокот што го купил бил завиткан со розова лента, претпоставуваат дека Кетрин родила девојче.

Ова им е прво дете на Крис и Кетрин. Глумецот има син од претходниот брак со глумицата Ана Фарис.

Ќе ви се допадне