Авионот, кој некогаш му припаѓал на Елвис Присли, а се чуваше на писта во американската сојузна држава Ново Мексико речиси четири децении, повторно оди на аукција.
Како што се наведува, Елвис самиот го дизајнирал ентериерот на приватното црвено летало од 1962 година. Меѓутоа, тоа сега нема мотор и му треба обнова на пилотската кабина.
Интернет страницата за аукции „Ајрон-Планет“ објави дека авионот со седишта од црвено кадифе и црвен тепих, се враќа на пазарот, откако сегашниот сопственик минатата лани го купи за 430.000 долари.