Австралиската претставничка пред настапот на Евросонг ќе останела без нога

Австралиската претставничка на Евровизија, Кејт Милер, која синоќа го имаше еден од поинтересните сценски настапи, изјавила дека пред недела дена се соочила со сериозна инфекција на ногата. Кејт вели дека поради обичен плускавец на крајот таа можела да остане без нога. Кејт објавила фотографија од болницата додека лежи во кревет.

„Пристигнав во Европа со сериозна инфекција, која можеше да заврши со ампутација на ногата. Плускавецот го добив од високите чевли. Секој кој носел знае дека високите чевли можат да ‘убијат’. Не мислам буквално“, напишала Кејт во описот на фотографијата.

„Последните неколку месеци имав еден куп активности. Секој ден се случуваше нешто ново. Не мислев дека моите планови за малку ќе беа уништени поради обични чевли. Првите неколку денови во болницата ми дојдоа како шок“, изјавила Кејт.

Пејачката синоќа со својата екипа на сцената лебдеше пеејќи ја песната Zero Gravity. Песната ја напишала со нејзиниот сопруг, а говори за постпородилна депресија.

„Фала ви на сите кои гласавте за мене. Воодушевена сум што одам во финале. Тешко е да се најдат зборови. Фала ви на сите. Нервозна сум, а покривањето на очите со рацете ми помага да се смирам. Фала на сите што се разбудивте наутро за да го гледате мојот настап. Ве сакам“, изјавила Кејт.

Австралиската пејачка на себе имала фустан која потсетувал на венчаница, а комплетниот стајлинг го потполнила со круна. Голем број  фанови на „Евросонг“ на социјалните мрежи се шегуваа дека Кејт изгледала како еден јунак од „Дизни“.

„Австралија можеше многу подобро. Но, кога ќе ги видам настапите кои ги имаа другите, бевме добри. Не знам што им е на луѓето додека ги бираат песните. Очигледно не им е многу гајле“, бил еден од коментарите на австралиските обожаватели.

 

Scroll to Top