Бекам и Ибрахимовиќ направија кладба за мечот меѓу Шведска и Англија

Фудбалските репрезентации на Шведска и Англија ќе одиграат денес во 16:00 часот во четвртфиналниот меч на Светското првенство во Русија. Златан Ибрахимовиќ и Дејвид Бекам со нетрпение очекуваат да ги видат нивните репрезентации во пресметката на стадионот во Самара.

Веднаш почнаа и двајцата да се провоцираат на таа тема, а прв почна Ибрахимовиќ со постот на Твитер.

„Еј Дејвиде, ако Англија ја победи Шведска, часам вечера на било кое место во светот. Ако Шведска ја победи Англија, ќе ми купиш се што ќе посакам во продавницата на ИКЕА. Договорено?“, напишал Ибрахимовиќ.

Бекам го прифатил предизвикот.

„Ако Шведска победи ќе ти купам се што ќе посакаш за твојата нова вила во Лос Анџлес. Ако победи Англија, тогаш ќе мора да дојдеш на Вембли на мечот на англиската репрезентација во нејзиниот дрес и на полувреме да уживаш јадејќи риба и чипс“.

„Се договоривме“, возврати популарниот Ибра.

Scroll to Top