Американската глумица Бела Торн на промоцијата на својот најнов филм I Still See You дојде со влакнести пазуви. Таа на црвениот тепих прошета облечена во зелени панталони, чевли со дијаманти и искината маичка со натпис „Кралица“. Стилистите не го бендисаа нејзиниот изглед, па ја искритикуваа и за изборот на гардероба, но и за неизбричените пазуви.
„Секој има право на природен изглед, ама Бела изгледа валкано. Како да тргнала во маркет по домати и сок“, стои во коментарот на Ти-ем-зи.
Бела е една од најпопуларните глумици на младата генерација. Досега сними околу 80 серии и филмови.