Бен Афлек: Откако се разведов од Џенифер јас сум подобар актер

Актерот Бен Афлек (48) во неодамнешното интервју за „Холивуд рипортер“ првпат зборуваше како приватниот живот влијаел на неговата кариера, но и за родителството и разводот од актерката Џенифер Гарнер. Тој вели дека животните искуства му помогнале подобро да се внесе во улогите и дека откако се развел, тој е подобар глумец од претходно.

„Без разлика уште колку би живеел, сум видел доволно подеми и падови, добив деца и се разведов и сега сум во момент од мојот живот кога имам доволно животно искуство да го внесам тоа во улога и да ја направам навистина интересна за мене“, вели Афлек.

Тие искуства му помогнале да стане подобар актер, а неговата кариера да биде попривлечна.

„Стареењето и поинтензивните лични искуства направија глумата да ми биде многу поинтересна. Почнаа да ме привлекуваат филмови за несовршени луѓе“, вели Афлек.

Тој лани во интервју ѝ се заблагодари на Гарнер што била секогаш покрај него, дури и во моментите кога му било најтешко.

„Сакам јавно да ти кажам: Ти благодарам. Ти благодарам што си внимателна, грижлива, одговорна, одлична мајка и личност“. Во тоа време, Афлек призна дека никогаш не помислил дека неговата борба со зависноста ќе резултира со развод од Гарнер.

„Не сакав развод, не сакав да бидам разведена личност, навистина не сакав да бидам одвоен од семејството и моите деца. Тоа ме потресе затоа што значеше дека не сум онаков каков што мислев дека сум и тоа беше многу болно и разочарувачко за мене“, рече Бен.

Афлек и Гарнер објавија дека се разделуваат во 2015 година, а нивниот брак официјално заврши во октомври 2018 година. Тие беа заедно од 2004 година и ги имаат ќерките Вајолет (15) и Серафина (12) и 8-годишниот син Самуел.

Актерот лани призна дека во неговиот живот намногу жали за разводот.

Scroll to Top