Бенедикт Камбербач имал коронавирус во 2019 година, актерот верува дека тој бил нултиот пациент

Актерот Бенедикт Камбербач верува дека тој бил првиот нулти пациент со коронавирус, затоа што бил заразен со опасниот вирус уште во 2019 година, кога го снимале филмот The Mauritanian.

Бенедикт вели дека заминал во Кејп Таун во Јужна АФрика на крајот на 2019 година, за да го снимаат филмот. Тие успеале да завршат со снимањето, иако во текот на целиот тој период му било тешко и постојано повраќал.

Актерот кој беше номиниран и за Оскар објаснува дека од тогаш тој го проучува вирусот и ги анализирал симптомите кои ги имал. Тој верува дека е еден од првите заразени со корона.

„Бев многу болен,  како да добив воспаление на белите дробови. Си размислував и си велев дека можеби јас сум нултиот пациент“, изјавил тој за светските медиуми.

Откако го прочитал првиот извештај за пандемијата, актерот вели дека се загрижил дека можеби тој придонел за ширењето на пандемијата.

Scroll to Top