Берни Еклстон ќе стане татко на 90 години

Поранешниот прв човек во Формула 1, Берни Еклстон, ќе стане  татко на 90-годи. Тој го чека четвртото дете, прво во бракот со Фабијана Флоси.

Британскиот милијардер, кој веројатно е најпознатиот претседател во Ф1, е во брак со 46 години помладата од него Флоси.

Еклстон има три брака зад себе и три деца. Британецот беше еден од основачите на Асоцијацијата на Формула 1 контруктори (FOCA) во 1974 година, заедно со легендите Френк Вилијамс, Макс Мозли, Кен Тајрел, Колин Чепмен и Теди Мејер и е еден од најзаслужните за подемот на Формула 1.

Scroll to Top