Бил Козби и Роман Полански исфрлени од Филмската академија

Филмската академијата ги исфрли режисерот Роман Полански и актерот Бил Козби поради тоа што судот ги прогласи виновни за сексуална злоупотреба. Полански беше осуден за силување 13-годишно девојче во 1977 година. Бил Козби неодамна беше осуден за сексуален напад врз десетици жени.

Лани Академијата го исфрли продуцентот Харви Вајнстин поради бројните обвинувања за сексуален напад.

 

Scroll to Top