Била злоставувана на 6 години, Памела Андерсон проговори за тешкото детство

Популарната американска актерка Памела Андерсон открила во јавноста за нејзиниот тежок живот во детството. Памела во јавноста изјавила дека во периодот од шестата до десетта година била сексуално злоставувана од нејзината дадилка, а на 12 годишна возраст била силувана од страна на 25 годишно момче.

Памела открива дека циклусот на злоставувања продолжиле и кога имала 14 години, кога била силувана од нејзиното момче заедно со негови шест другари. Во интервју за US Weekly Памела открила дека фотографирањето за „Плејбој“ и го спасил животот.

Памела го споменала и моментот со касетата со снимката со сексот со нејзиниот сопруг Томи Ли, која била украдена од нивниот дом во 1995 година. Андерсон ја тужела издавачката куќа Internet Entertainment Group, која го објавила видеото. Како резултат на спорот, дошло до спогодба меѓу издавачката куќа и Томи Ли.

Набрзо потоа компанијата повторно почнала да го пушта видеото, по што прегледот на страниците пораснал за три пати во однос на просечната состојба. Во март 2002 година, Андерсон јавно изјавила дека се заразила со хепатитис C, затоа што ја делела иглата за тетовирање со нејзиниот сопруг.

 

 

Scroll to Top