Боби Браун гради прифатилиште за жртви на семејно насилство

Пејачот Боби Браун гради прифатилиште за жртвите на семејно насилство во чест на покојната ќерка Боби Кристина, која почина откако ја претепа нејзиното момче Ник Гордон. Установата ќе се гради во Соут Фултон, Џорџија, САД. И Браун, кој е поранешен маж на Витни Хјустон, беше обвинет дека ја тепал музичката ѕвезда.

Ќерката на Браун беше пронајдена без свест во својот дом во 2015 година, а почина по шест месеци минати во кома. Гордон беше обвинет дека ја нападнал девојката, а судот во 2016 година одлучи тој да исплати 36 милиони долари отштета.

Според плановите, „безбедната куќа“ на Браун ќе има телефонска линија за интервенции што ќе работи 24 часа и ќе биде „итно транзиционо засолниште“ на жртвите од семејно насилство.

Scroll to Top