„Ботоксот ме уништи, немав мерка“: Камерон Дијаз се кае за естетските корекции на лицето

Холивудската ѕвезда Камерон Дијаз во едно скорешно интервју откри дека се кае што ставала ботокс во своето лице. Вали, почнала уште додека била многу млада, оти не била задоволна од изгледот, а не сакала да прави пластични операции.

„Ја уништив кожата со лошата диета. Во младоста честопати доцна навечер го нарачував најголемиот хамбургер и шише газиран пијалок. Бев слаба, можев да јадам сè, но мојата кожа не го поднесе тоа многу добро. Таа беше во прилично лоша форма. Затоа решив да ставам ботокс“, рекла таа.

Глумицата открила дека станала зависна од ботоксот и дека веќе немала мерка колку често го инјектира.

„Само два третмани беа доволни за да ме направат зависник. Ме убиваше. Не знам колку пати сум инјектирала, но знам дека тоа беше многу повеќе отколку што требаше. Ботоксот го смени моето лице на толку чуден начин, што помислив: ‘Не, не го сакам тоа, повеќе би го гледала лицето како ми старее, отколку лице кое не ми припаѓа. Ботоксот е најголемата грешка во мојот живот“, додала глумицата.

 

Scroll to Top