Бракот со Џенифер Анистон му се распадна поради Анџелина Џоли, а потоа ја нападна неа со децата во авион, сите љубовни врски на Бред Пит

Американскиот актер Бред Пит (59) неодамна во интервју за Vanity Fair рече дека неговата врска со актерката Џулиет Луис (49) била една од најубавите во неговиот живот. Двајцата беа заедно три години, а претходно глумецот беше во врска со пејачката Санита (59).

Со Санита беа заедно од 1984 година, а нивнаа врска траеше две години. Пејачката подоцна рече дека Бред бил многу сладок и бил одличен во кревет. Врската со актерката Џил Шолен (60), ја почна во 1989 година и заедно беа само осум месеци.

Раскинаа бидејќи актерката наводно запознала некој друг додека снимала филм во Унгарија. Бред Пит беше во романтична врска и со актерката Гвинет Палтроу (50), која подоцна рече дека во тоа време била сè уште дете и не знаела што прави во животот, пренесе US Magazine.

Една од неговите попознати врски за започна во 1998 година со актерката Џенифер Анистон (54). Двојката беше во брак пет години пред да се разведат, а гласините за нивна повторна врска почнаа да се вртат во 2019 година кога Џенифер го покани Бред на нејзината 50-та роденденска забава.

Една година подоцна Џенифер и Бред беа видени на црвениот тепих каде покажаа дека се во многу добри односи. Сепак, гласините за нивната повторна врска никогаш не беа потврдени, а причината за нивниот развод наводно била Анџелина Џоли (48).

Со Анџелина наводно имале афера за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, каде и се запознале. За време на едно интервју во 2005 година, Џенифер наводно не издржала да ги задржи солзите кога ѝ кажале дека Бред и Анџелина чекаат дете.

Според новинарот кој го правел интервјуто, Анистон тогаш изгледала како некој да ѝ го прободел срцето, пренесе „Мирор“.

Најдолгата врска на Бред Пит беше со актерката Анџелина Џоли со која има шест деца: Медокс (21), Пакс (19), Захара (18), Шајло (16) и близнаците Нокс (14) и Вивиен (14).

По 12 години врска двајцата се разделија, а според „Дејли Мејл“, Џоли поднела и противтужба против Пит во која изнела сериозни обвинувања на негова сметка. Детално го опишала она што се случило во 2016 година, за време на еден лет со нивниот приватен авион.

„Кога едно од децата сакало да ја одбрани Џоли, Пит му се нафрлил. Џоли настрадала во обид да гоодбрани. За да ја симне Џоли од грбот, Пит ја фрлил наназад во седиштата на авионот, при глумицата се здобила со повреда на грбот и лактот. Потоа децата се обиделе да ја заштитат. Пит почнал да дави едно од децата, а друго го удрил по лицето. Другите биле исплатешни и го молеле да престане“, пишувало во обвинението на Џоли.

По нивниот развод во 2016 година, Бред Пит го поврзуваа и со манекенките Емили Ратајковски (32) и Никол Потуралски (30), а од минатата година е во врска со 30 години помладата Инес де Рамон.

Scroll to Top