Бред Пит ја обвини Џоли дека сака да му ги земе децата

Холивудскиот глумец Бред Пит ја обвини неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли дека прави сè за да му ги земе децата. Тој ја обвини дека се обидува да го запре решението за старателство над нивните шест деца, откако таа побарала да се отстрани приватниот судија Џон В. Оудеркирка.

Овој судија го надгледувал нивниот случај, а и ги венчал Бред и Џоли во 2014 година. Глумицата минатата недела побарала тој да биде повлечен од случајот, затоа што претходно соработувал со еден од адвокатите на Бред Пит.

Во новите правни документи кои ги доби USA Today, адвокатите на Пит одговориле на барањето на Џоли и порачале дека таа на сите можни начини се обидува да го одвлече Бред од децата.

„Тоа што Анџелина наеднаш почна да плаче и да се жали е само одраз на очај и лоша верба дека може да го извлече од овој случај тоа што таа го посакува. Со тоа таа не ја почитува процедурата и правилата, кои имаат за цел да ги смират двете страни и да најдат заеднички јазик“, стои во правниот одговор кој го пренеле адвокатите на Бред Пит.

„За жал, оние кои  Анџелина најмногу ги повредува со своите постапки се нејзините деца, на кои и понатаму им се ускратени правата за конечно решение и нормална распределба на времето кое треба да го поминат со нивните татко и мајка“, стои меѓу другото во соопштението.

Извор близок до овој случај претходно за странските медиуми изјавил дека таа едноставно сака да го одложи овој случај, затоа што работите не се движат во нејзина користи, кога е во прашање спогодбата и старателството над нивните шест деца.

„Ова е типична тактика на одолговлекување која ја користат луѓето на кои не им се допаѓа како тече случајот. Ако чувствувате дека победувате, не се обидувате да ја спречите постапката и да ги менувате судиите. Така што постапката на Џоли е резултат на нејзината фрустрација поради спогодбата која за неа не се одвива во посакуваниот пат. Во спротивно, таа никогаш не би поскала да го преврти чамецот и да побара судијата да биде отстранет“, изјавил извор близок до поранешната холивудска двојка.

Scroll to Top