Бред Пит почна да се занимава со пчеларство

Еден од најпознатите холивудски глумци Бред Пит почнал да се занимава со пчеларство. Тој вели дека во новата работа бил упатен од неговиот пријател Леонардо ди Каприо.

„Бред има поставено огромни кошници за пчели на ридот во својот дом во Лос Анџелес“, открил извор близок до глумецот и додал дека Бред Пит е презаситен од глумата, со која се занимава веќе со години.

Неговиот близок пријател открива и дека на Бред му имаат здодеано рефлекторите, како и папараците кои постојано го следат.

„Бред смета дека глумата е за помладите генерации. Сега му треба помирна работа и само прашање е на време кога ќе му каже збогум на Холивуд и ќе се посвети на своето омилено хоби пчеларството“, открива изворот.

 

Scroll to Top