Бремена Џесика Симпсон на божикното утро во црква

Пејачката и модна дизајнерка Џесика Симпсон (38) со своето семејство го помина божикното утро во црква. Симпсон неодамна им се пофали на пријателите и обожавателите дека е бремена и дека ќе има ќерка.

„Наскоро ќе бидеме петмина”, објави актерката на социјалните мрежи.

Пејачката е во брак со поранешниот американски фудбалер Ерик Џонсон (39) од 2014 година и има ќерка Максвел Дру (6) и син Аце Кнуте (5).

„Ова девојче ќе го зголеми нашето семејство на пет члена. Не можеме да бидеме посреќни што го објавуваме овој благослов од животот “, рече Џесика. Симпсон разговараше за својот брак, ќерка и син во шоуто Entertainment Tonight, и дека сака бебе, но таа рече дека ќе биде чудо ако забремени повторно.

Борбата со килограмите ја водеше по двете бремености и јавно зборуваше за оваа тема. Таа вели дека веќе не се оптоварува со изгледот, туку ужива во опуштено издание, пишува „Дејли мејл“. Најголема поддршка во животот ѝ е сопругот.

„Ерик е најдобар. Сè уште се чувствувам како да сме на меден месец. Го сменив стилот. Го сакам сето она што е секси. Откако сум сопруга и мајка, се чувствувам многу секси“ – рече пејачката и додаде дека бракот донел промени во нивниот живот.

Иако е во висок степен на бременост, Џесика дојде во црквата во чизми на висока потпетица

Scroll to Top