Британскиот принц Луи го прослави 1. роденден

Британскиот принц Луи, најмалото дете на Кејт и Вилијам денес слави роденден. Веќе излегоа и првите официјални слики од најмалиот принц.

На ист ваков начин, со фотографии беа одбележани и родендените на принцот Џорџ и на принцезата Шарлот.

Претходната официјална слика направена од принцот Луи беше направена непосредно пред Божиќ и истата беше пуштена во јавноста на само неколку дена пред празникот .

Муи Артур Чарлс е петти по ред наследник на британскиот трон.

Луи е правнук на британската кралица Елизабета втора, која пред само два дена го славеше својот 93 роденден.

Фото ЕПА/БГНЕС

Scroll to Top