Британците негодуваат што Камила Паркер носи накит од принцезата Дајана

Камила Паркер сопругата на сегашниот британски принц Чарлс, често се појавува во јавноста со накит од поранешната принцеза Дајана. Станува збор за брош од далечната 1863 година, кој данската принцеза Александра го добила како венчален подарок од својот сопруг, тогашниот британски принц, а подоцна и крал Едвард VII.

По трагичната смрт на Лејди Ди, накитот кој таа го носела бил вратен на кралицата Елизабета II, која често знае да им го подари и позајми на користење на останатите жени од кралското семејство.

Кралицата Елизабета е позната по тоа што поседува голема колекција на накит, а некои од парчињата се стари и до 200 години. Додека Дајана била во брак со нејзиниот син, дел од накитот Елизабета и го подарила на неа. Но, по нејзината смрт, истиот повторно бил вратем

Во јавноста голем број критичари на кралското семејство сметаат дека Паркер не би требало да го носи накитот на Дајана, затоа што таа била причината за разводот со принцот Чарлс.

 

Scroll to Top